Нов Завет

Лука 1:45-49 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

45. И блажена е таа која поверува, зашто ќе се исполни она, што ѝ рекол Господ.“

46. И рече Марија: „Мојата душа Го велича Господа,

47. и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој,

48. зашто погледна на смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите поколенија;

49. зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име;

Прочитајте целосна глава Лука 1