Нов Завет

Лука 1:32-44 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

32. Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид;

33. и ќе царува над домот Јаковов засекогаш, и царството Негово нема да има крај.“

34. А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“

35. Ангелот ѝ одговори и рече: „Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.

36. Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неротка, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец;

37. зашто кај Бога ниеден збор не останува невозможен.“

38. Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ И ангелот си отиде од неа.

39. А Марија стана во тие дни и поита во горскиот крај, во градот Јудин;

40. па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета.

41. Штом го слушна Елисавета поздравот на Марија, заигра детето во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети,

42. па извика со силен глас и рече: „Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба!

43. И од каде за мене ова, кај мене да дојде мајката на мојот Господ?

44. Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав одекна во ушите мои, од радост ми заигра детето во утробата моја.

Прочитајте целосна глава Лука 1