Нов Завет

Колосјаните 4:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Вие, господари, бидете справедливи спрема слугите свои и давајте им го она што е правично, зашто знаете дека и вие имате Господар на небесата!

2. Бидете постојани во молитвата, бидете бодри во неа со благодарност!

3. Молете се исто така и за нас, за да ни ја отвори Бог вратата на проповедта да ја разгласуваме Христовата тајна, поради која сум и во окови,

4. та да ја откријам, како што треба да зборувам!

5. Спрема надворешните однесувајте се благоразумно, ползувајќи го времето!

6. Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате!

7. Што се однесува до мене, сѐ ќе ви со­општи Тихик, љубениот брат и верен служител и соработник во Господ,

8. кого нарочно поради тоа го испратив кај вас за да разбере како сте и да ви ги утеши срцата ваши,

9. заедно со Онисим, верниот и омилен наш брат, кој е од вас; тие ќе ви рас­ка­жат сѐ што станува овде.

10. Ве поздравува Аристарх, кој е зат­ворен со мене, и Марко, внукот на Вар­нава – за кого добивте заповед: ако дојде кај вас, примете го.

Прочитајте целосна глава Колосјаните 4