Нов Завет

Колосјаните 2:5-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. зашто, макар и да сум отсутен со телото, со духот сум при вас, радувајќи се и гледајќи го вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христа.

6. Поради тоа, како што Го примивте Господ Исус Христос, така и одете по Него,

7. вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте нау­чени, изобилувајќи во неа со благодар­ност.

8. Браќа, пазете некој да не ве заведе со филозофија и со празна измама што се потпира на човечкото предание, на сти­хи­ите на светот, а не по Христос;

9. зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството,

10. и вие да бидете исполнети во Него, Кој е глава на секое началство и власт;

11. во Него сте и обрезани преку нера­котворено обрезание, откако го соб­ле­ковте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово;

12. откако се погребавте со Него во крштевањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.

13. И вас, кои бевте мртви во гревовите и во необрезанието на вашето тело, Тој заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови;

14. извршувајќи го ракописаниот закон, кој со своите прописи стана наш непријател, кого Тој го зеде од средината и го прикова на крстот;

15. и, откако ја зграби силата од начал­ствата и властите, Тој ги изложи јавно на позор и славејќи ја во Себе победата над нив.

16. Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млад месец или саботи;

17. тоа е само сенка на она што доаѓа, а телото е Христос.

18. Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост и служење на ангели­те, впуштајќи се во она што не го видел, гордеејќи се залудо со својот телесен ум,

19. и не се придружи кон Главата, од Која целото тело, поддржано преку зглобови и врски, расте со растење спо­ред Бога.

20. И така, ако вие со Христос умревте за почетоците на светот, тогаш зошто се препирате, како уште да живеете во светот;

21. „Не се фаќај, не вкусувај, не пипај!“

Прочитајте целосна глава Колосјаните 2