Нов Завет

Колосјаните 1:23-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

23. само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи од надежта на Евангелието што го чув­те, кое е проповедано на секое подне­бесно создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.

24. Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во моето тело за телото Негово, кое е Црквата.

25. Нејзе ѝ станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо,

26. тајната, скриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии,

27. на кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас.

28. Него ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги со сета мудрост, за да го претставуваме секој човек совршен во Христос;

29. затоа се трудам и се борам. Зашто Неговата сила со голема моќ дејствува во мене.

Прочитајте целосна глава Колосјаните 1