Нов Завет

Колосјаните 1:2-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. до светиите и верните браќа во Исус Христос што се во Колоси: благодат вам и мир од Бога нашиот Отец и Гос­под Христос!

3. Му благодариме на Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, секогаш кога се молиме за вас,

4. бидејќи слушнавме за вашата вера во Христос Исус и за љубовта ваша, ко­ја ја имате кон сите светии,

5. поради надежта која се чува за вас на небесата, за која порано сте слуш­на­ле од словото на вистината – Еван­ге­ли­ето,

6. кое е во вас, како и во целиот свет, и принесува плод и расте, како и меѓу вас од оној ден кога ја чувте и познавте Божјата благодат во вистината;

Прочитајте целосна глава Колосјаните 1