Нов Завет

Јован 7:43-53 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

43. И така настана меѓу народот раздор за Него.

44. А некои од нив сакаа да Го фатат, но никој не стави рака врз Него.

45. Дојдоа, пак, слугите кај првосвештениците и фарисеите и овие им рекоа: „Зошто не Го доведовте?“

46. А слугите одговорија: „Никогаш човек не говорел така како Овој Човек.“

47. Тогаш им одговорија фарисеите: „Да не се прелагавте и вие?

48. Поверувал ли некој од началниците и фарисеите во Него?

49. Но, овој народ, што не го знае Законот, е проклет.“

50. Никодим, пак, кој беше отишол кај Него ноќе, а беше еден од нив, им рече:

51. „Осудува ли нашиот Закон човек додека најнапред не го сослушаат и не дознаат што прави?“

52. А тие му одговорија и рекоа: „Да не си и ти од Галилеја? Испитај и ќе видиш дека пророк од Галилеја не се јавува!“

53. И секој си отиде во својот дом.

Прочитајте целосна глава Јован 7