Нов Завет

Јован 7:24-40 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. Не судете според надворешноста, туку судете со праведен суд!“

25. Тогаш некои од Ерусалим рекоа: „Не ли е Овој што Го бараат да Го убијат?

26. Ете, јавно говори и ништо не Му велат. Да не се увериле и началниците дека е Тој навистина Христос?

27. Но, Овој Го знаеме од каде е, а кога ќе дојде Христос никој не ќе знае од каде е.“

28. Тогаш Исус, поучувајќи во храмот, извика гласно и рече: „И Мене Ме познавате и знаете од каде сум; но Сам од Себе не дојдов, туку Тој што ме прати е Вистинитиот; Него вие не Го познавате.

29. Јас, пак, Го знам, зашто сум од Него и Тој Ме прати.“

30. Тогаш сакаа да Го фатат, но никој не кладе рака на Него, бидејќи уште не беше дошол часот Негов.

31. И мнозина од народот поверуваа во Него и велеа: „Кога ќе дојде Христос, зар ќе направи поголеми чуда отколку што направи Овој?“

32. Чуја фарисеите дека народот така зборува за Него, па испратија фарисеите и првосвештениците слуги да го фатат.

33. Тогаш Исус им рече: „Уште малку време сум со вас, а потоа ќе отидам кај Оној Кој Ме прати.

34. Ќе Ме барате и нема да Ме најдете; и каде што ќе бидам Јас, вие не ќе можете да дојдете.“

35. А Јудејците си рекоа меѓу себе: „Каде ќе оди Овој та да не можеме да Го најдеме? Да не сака да оди при раселените меѓу Елините, па и Елините да ги поучува?

36. Што значат овие зборови: ‚Ќе Ме барате и не ќе Ме најдете‘; и ‚Каде што ќе бидам Јас, вие не ќе можете да дојдете?‘“

37. А во последниот голем ден од празникот застана Исус и извика со силен глас, велејќи: „Кој е жеден нека дојде кај Мене да пие!

38. Кој верува во Мене, како што е речено во Писмото, од неговата утроба, ќе потечат реки од жива вода.“

39. А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние кои веруваат во Него; зашто Светиот Дух уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен.

40. А мнозина од народот, кога ги чуја овие зборови, рекоа: „Навистина Овој е пророк!“

Прочитајте целосна глава Јован 7