Нов Завет

Јован 7:17-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. и ако некој сака да ја врши волјата Негова, ќе разбере дали е ова учење од Бога, или Јас Самиот од Себе зборувам.

18. Кој говори самиот од себе, тој си бара своја слава; а кој ја бара славата на Оној што Го пратил, Тој е вистинит и во Него нема неправда.

19. Зар не ви го даде Мојсеј Законот? Но никој од вас не го исполнува Законот. Зошто сакате да Ме убиете?“

20. Народот одговори и рече: „Демонот е во тебе! Кој сака да Те убие?“

21. Одговори Исус и им рече: „Едно дело извршив и сите се чудите.

22. Мојсеј ви го даде обрезанието, не затоа што тоа е од Мојсеј, туку од татковците – и вие во сабота обрезувате човек.

23. Ако човек се обрезува во сабота, за да не се наруши Законот Мојсеев, на Мене ли се гневите што цел човек излекував во сабота?

24. Не судете според надворешноста, туку судете со праведен суд!“

25. Тогаш некои од Ерусалим рекоа: „Не ли е Овој што Го бараат да Го убијат?

26. Ете, јавно говори и ништо не Му велат. Да не се увериле и началниците дека е Тој навистина Христос?

27. Но, Овој Го знаеме од каде е, а кога ќе дојде Христос никој не ќе знае од каде е.“

Прочитајте целосна глава Јован 7