Нов Завет

Јован 7:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Потоа одеше Исус по Галилеја, затоа што не сакаше да оди во Јудеја, бидејќи Јудејците сакаа да Го убијат.

2. Се приближуваше, пак, јудејскиот празник Сеници.

3. Тогаш браќата Негови Му рекоа: „Излези одовде и оди во Јудеја, та и учениците Твои да ги видат делата што ги вршиш.

4. Зашто никој не прави нешто тајно кога сака да се прочуе. Ако Ти ги вршиш овие работи, тогаш покажи се пред светот!“

5. Зашто и браќата Негови не веруваа во Него.

6. А на тоа Исус им одговори: „Моето време уште не е дојдено, а за вас времето е секогаш погодно.

Прочитајте целосна глава Јован 7