Нов Завет

Јован 6:21-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. Тие сакаа да Го примат во коработ и веднаш коработ пристигна до брегот, каде што одеа.

22. Утредента наутро народот, што стоеше од другата страна на морето, забележа дека таму немаше друг кораб, освен еден, во кој влегоа учениците Негови, и дека Исус не влезе во коработ со учениците Свои, туку само учениците негови заминаа.

23. И други кораби дојдоа од Тиверијада, близу до она место каде што беа јале леб, откако Господ заблагодари.

24. И кога видоа луѓето дека Исус не беше таму, ниту учениците Негови, влегоа сами во кораби и дојдоа во Капернаум да Го бараат Исуса.

25. И штом Го најдоа отаде морето, Му рекоа: „Рави, кога дојде овде?“

26. А Исус им одговори и рече: „Вистина, вистина ви велам: вие не Ме барате затоа што видовте чуда, туку затоа што јадевте од лебовите и се наситивте.

27. Работете не за храна што се расипува, туку за храна што останува за вечен живот и која ќе ви ја даде Синот Човечки, зашто врз Него ставил печат Бог Отецот.“

28. А тие Му рекоа: „Што да правиме за да извршуваме Божји дела?“

Прочитајте целосна глава Јован 6