Нов Завет

Јован 6:14-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

14. Луѓето, кога го видоа чудото што го направи Исус, рекоа: „Овој е навистина Пророкот Кој требаше да дојде на светот!“

15. Но Исус, штом разбра дека сакаат да дојдат и да Го фатат за да го прогласат за цар, повторно се повлече Сам во гората.

16. А приквечер, учениците Негови слегоа до морето,

17. и откако влегоа во кораб, тргнаа преку морето кон Капернаум. И веќе се беше стемнило, а Исус сѐ уште не беше дошол кај нив.

18. Морето, пак, се подигаше, зашто дуваше силен ветар.

Прочитајте целосна глава Јован 6