Нов Завет

Јован 4:50-54 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

50. А Исус му одговори: „Оди си! Твојот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си замина.

51. И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: „Синот твој е жив!“

52. А тој ги праша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“

53. Тогаш таткото разбра дека тоа станало во истиот час кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом.

54. Ова беше второто чудо што го изврши Исус, кога пристигна од Јудеја во Галилеја.

Прочитајте целосна глава Јован 4