Нов Завет

Јован 4:36-53 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

36. И жетварот веќе добива плата и собира род за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.

37. Зашто во ова вистинита станува поговорката: ‚Еден сее, а друг жнее.‘

38. Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“

39. И мнозина Самарјани од оној град поверуваа во Него поради зборовите на жената која сведочеше: „Ми кажа сѐ што сум направила.“

40. Кога дојдоа, пак, Самарјаните кај Него, Го замолија да остане кај нив. И Тој остана таму два дена.

41. И уште повеќе поверуваа поради словото Негово;

42. а на жената ѝ велеа: „Сега веќе не веруваме само заради твоето кажување, зашто сами чувме и знаеме дека Тој е Спасителот на светот, Христос.“

43. А по два дни, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја.

44. Зашто Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема чест.

45. Кога дојде, пак, во Галилеја, Галилејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на празникот; зашто и тие беа на празникот.

46. И така, Исус пак дојде во Кана Галилејска, каде што беше претворил вода во вино. Имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум.

47. Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање.

48. А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“

49. Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“

50. А Исус му одговори: „Оди си! Твојот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си замина.

51. И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: „Синот твој е жив!“

52. А тој ги праша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“

53. Тогаш таткото разбра дека тоа станало во истиот час кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом.

Прочитајте целосна глава Јован 4