Нов Завет

Јован 4:22-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

22. Вие му се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.

23. Но иде време и веќе дошло кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот во дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние кои Му се поклонуваат.

24. Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат во дух и вистина.“

25. Жената Му рече: „Знам дека ќе дојде Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Тој, сѐ ќе ни каже.“

26. А Исус ѝ рече: „Јас сум, Кој зборува со тебе.“

27. И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жена; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?“ или: „Зошто зборуваш со неа?“

28. А жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето:

29. „Дојдете, видете Го човекот Кој ми кажа сѐ што сум направила. Да не е Тој Христос?“

30. Тогаш тие излегоа од градот и тргнаа кон Него.

31. Во тоа време, пак, учениците Го молеа, велејќи: „Рави, јади!“

32. Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.“

33. Тогаш учениците си проговорија меѓу себе: „Да не Му донел некој да јаде?“

Прочитајте целосна глава Јован 4