Нов Завет

Јован 4:1-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Кога разбра Исус дека фарисеите чуле дека Тој придобива повеќе ученици отколку Јован и крштеваше,

2. макар што Самиот Исус не крштеваше, туку учениците Негови,

3. ја напушти Јудеја и отиде пак во Галилеја.

4. Требаше да мине преку Самарија.

5. Така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на својот син Јосиф.

6. Таму беше изворот на Јаков. Исус, пак, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот час.

7. Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пијам!“

8. А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.

9. Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, жена Самарјанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат.

10. Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ‚Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“

11. Жената Му рече: „Господи, Ти немаш ведро, а кладенецот е длабок; од каде, пак, имаш жива вода?

12. Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец!? И самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!“

13. Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни;

Прочитајте целосна глава Јован 4