Нов Завет

Јован 3:4-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Никодим Му рече: „Како може човек да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“

5. А Исус му одговори: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо;

6. зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух.

7. Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора.

8. Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“

9. Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?“

10. Исус одговори и му рече: „Ти си учител израилев, па тоа ли не го знаеш?

11. Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она што знаеме, и сведочиме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате.

12. Кога за земни работи ви зборувам и не верувате, како ќе поверувате кога би ви говорел за небесните?

13. Никој не се искачил на небото, освен Оној Кој слезе од небото, Синот Човечки, Кој е на небото.

Прочитајте целосна глава Јован 3