Нов Завет

Јован 3:30-36 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

30. Тој треба да расте, а јас да се смалувам!“

31. „Кој доаѓа одозгора, тој е над сите; а кој е од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото, Тој е над сите.

32. И за она што виде и чу, за тоа сведочи; и сведоштвото Негово никој не го прима.

33. А тој што го примил Неговото сведоштво потврдил дека Бог е вистинит.

34. Бидејќи, тој што е испратен од Бога, кажува Божји зборови; зашто Бог Го дава Духот неизмерно.

35. Зашто Отецот Го љуби Синот и сѐ Му даде во раката Негова.

36. Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе остане врз него.“

Прочитајте целосна глава Јован 3