Нов Завет

Јован 3:24-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

24. зашто Јован уште не беше фрлен во затвор.

25. Тогаш настана расправија меѓу учениците Јованови и Јудејците околу очистувањето.

26. И дојдоа кај Јован и му рекоа: „Рави, Оној што беше со тебе отаде Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Тој крштева и сите одат кај Него.“

27. А Јован одговори и рече: „Не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото.

28. Вие самите ми сведочите дека реков: ‚Јас не сум Христос, но сум испратен пред Него.‘

29. Оној што ја има невестата е младоженец; а пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа моја радост се исполни.

30. Тој треба да расте, а јас да се смалувам!“

31. „Кој доаѓа одозгора, тој е над сите; а кој е од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото, Тој е над сите.

32. И за она што виде и чу, за тоа сведочи; и сведоштвото Негово никој не го прима.

33. А тој што го примил Неговото сведоштво потврдил дека Бог е вистинит.

34. Бидејќи, тој што е испратен од Бога, кажува Божји зборови; зашто Бог Го дава Духот неизмерно.

Прочитајте целосна глава Јован 3