Нов Завет

Јован 3:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, началник јудејски.

2. Тој дојде кај Исуса ноќе и Му рече: „Рави! Знаеме дека си учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“

3. Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“

Прочитајте целосна глава Јован 3