1. Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, началник јудејски.
2. Тој дојде кај Исуса ноќе и Му рече: „Рави! Знаеме дека си учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“
3. Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“
4. Никодим Му рече: „Како може човек да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“
5. А Исус му одговори: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо;
6. зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух.
7. Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора.
8. Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“
9. Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?“
10. Исус одговори и му рече: „Ти си учител израилев, па тоа ли не го знаеш?
11. Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она што знаеме, и сведочиме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате.