Нов Завет

Јован 2:4-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Исус ѝ рече: „Што бараш од Мене, жено? Уште не дошол Мојот час.“

5. Но мајка Му Негова им рече на слугите: „Сѐ што ќе ви рече, направете!“

6. А таму имаше шест камени садови за вода, поставени според јудејскиот обичај за очистување, што собираа по две до три мери.

7. Исус им рече: „Наполнете ги садовите со вода!“ И тие ги наполнија до горе.

8. Па им кажа: „Нацрпете сега и однесете му на старосватот!“ И му однесоа.

9. И кога вкуси старосватот од виното, што беше станало од вода – а тој не знаеше од каде е, но слугите, што ја беа донеле водата, знаеја – старосватот го повика младоженецот,

10. и му рече: „Секој човек најнапред го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат, тогаш полошото; но ти си го чувал доброто вино до сега.“

11. Со ова направи Исус почеток на чудата во Кана Галилејска и ја покажа славата Своја; и учениците Негови поверуваа во Него.

12. Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, браќата Негови и учениците Негови; и таму остана неколку дена.

13. Се приближуваше Пасха јудејска и Исус се искачи во Ерусалим;

Прочитајте целосна глава Јован 2