Нов Завет

Јован 2:21-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. Но Тој говореше за храмот на Своето тело.

22. А кога воскресна од мртвите, се сетија учениците Негови дека за ова беше говорел, и поверуваа на Писмото и на зборот, што го беше рекол Исус.

23. И кога беше во Ерусалим на празникот Пасха, мнозина, гледајќи ги чудесните знаци Негови, што ги правеше, поверуваа во Неговото име.

24. Но Самиот Исус не им се доверуваше, бидејќи ги познаваше сите,

25. и немаше потреба никој да Му сведочи за човекот, бидејќи Самиот знаеше што има во човекот.

Прочитајте целосна глава Јован 2