Нов Завет

Јован 19:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Тогаш Пилат Го зеде Исуса и Го предаде да го бијат.

2. Војниците сплетоа венец од трње, Му го кладоа на главата и Му облекоа багреница,

3. и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ – и Го удираа по образите.

4. Пилат пак излезе надвор и им рече: „Еве, ви Го изведувам надвор, за да разберете дека не наоѓам во Него никаква вина.“

Прочитајте целосна глава Јован 19