Нов Завет

Јован 17:6-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово.

7. Сега разбраа дека сѐ што си Ми дал, е од Тебе;

8. зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и разбраа навистина дека од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил.

9. Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои.

Прочитајте целосна глава Јован 17