Нов Завет

Јован 17:19-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. И за нив јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината.

20. Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене,

21. за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил.

22. И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние едно.

23. Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во сѐ едно, и да дознае светот дека Ти си Ме испратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби.

24. Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, зашто ме возљуби уште пред да се создаде светот.

25. Оче Праведен, светот не Те позна, Јас Те познав; и овие познаа дека Ти си Ме испратил;

26. и им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта, со која Ме возљуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив.“

Прочитајте целосна глава Јован 17