Нов Завет

Јован 17:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Ова го кажа Исус, па ги подигна очите Свои кон небото и рече: „Оче, дојде часот; прослави Го Својот Син, за да Те прослави и Синот Твој,

2. како што си Му дал власт над секое тело, та на сѐ што си му дал, да му даде вечен живот.

3. А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христос.

4. Јас Те прославив на Земјата; го извршив делото, што си ми го дал да го извршам.

5. И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште светот пред да настане.

6. Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово.

Прочитајте целосна глава Јован 17