Нов Завет

Јован 17:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Ова го кажа Исус, па ги подигна очите Свои кон небото и рече: „Оче, дојде часот; прослави Го Својот Син, за да Те прослави и Синот Твој,

2. како што си Му дал власт над секое тело, та на сѐ што си му дал, да му даде вечен живот.

3. А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христос.

Прочитајте целосна глава Јован 17