Нов Завет

Јован 15:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. „Јас сум вистинската лоза, Мојот Отец е лозарот.

2. Секоја прачка во Мене, што не дава род, Тој ја отсекува; и секоја, што дава род, ја очистува, за да принесе повеќе род.

3. Вие сте веќе чисти преку словото, што сум ви го проповедал.

4. Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас. Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене.

5. Јас сум лозата, а вие прачките; и кој е во Мене, и Јас во него, тој ќе даде многу род; зашто без Мене не можете да направите ништо.

6. Ако некој не остане во Мене, ќе биде исфрлен надвор, како прачка, и ќе се исуши; а таквите ќе ги соберат, и во оган ќе ги фрлат, и ќе изгорат.

7. Ако останете во Мене, и зборовите Мои останат во вас, тогаш, што и да посакате, барајте и ќе ви биде.

Прочитајте целосна глава Јован 15