33. Чеда, уште малку сум со вас. Ќе Ме барате и, како што им реков на Јудејците дека каде што одам Јас вие не можете да дојдете, и вам ви велам сега.
34. Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг.
35. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе.“
36. Симон Петар Му рече: „Господи, каде одиш?“ Исус му одговори: „Каде што Јас одам, ти не можеш сега да дојдеш по Мене, но подоцна ќе дојдеш по Мене.“
37. Петар Му рече: „Господи, зошто не можам да одам по Тебе сега? Животот свој ќе го положам за Тебе.“
38. Исус му одговори: „Животот ли ќе го положиш за Мене? Вистина, вистина ти велам: нема петел да запее, додека ти трипати не се одречеш од Мене!“