Нов Завет

Јован 13:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А пред празникот Пасха, знаејќи Исус дека Му дојде часот за да премине од овој свет кај Отецот, и бидејќи ги засака Своите во светот, до крај ги засака.

2. И на вечерата, кога ѓаволот беше вметнал во срцето на Јуда Симонов Искариотски за да Го предаде,

3. Исус, знаејќи дека Отецот сѐ Му предал во рацете и дека од Бога излегол и дека кај Бога се враќа,

4. стана од вечерата, ја соблече својата горна облека, зеде крпа и се препаша;

5. потоа истури вода во сад за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата со која беше препашан.

6. Дојде и кај Симон Петар, а тој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?“

Прочитајте целосна глава Јован 13