Нов Завет

Јован 12:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. На шест дни пред Пасха дојде Исус во Витанија, каде што беше умрениот Лазар, кого го воскресна од мртвите.

2. Таму Му приготвија вечера и Марта послужуваше, а Лазар беше еден од оние што седеа со Него на трпезата.

3. А Марија, откако зеде литар чисто скапоцено миро, ги помаза нозете Исусови и ги избриша со косата своја нозете Негови; а куќата се исполни со мирис од мирото.

4. Еден од учениците Негови, Јуда Симонов Искариотски, кој сакаше да Го предаде, рече:

5. „Зошто не се продаде ова миро за триста денарии, и тоа да се раздадеше на сиромаси?“

6. Ова тој го рече не дека се грижеше за сиромасите, туку зашто беше крадец. Тој го чуваше ковчежето и крадеше од она што пуштаа во него.

7. А Исус рече: „Оставете ја! Таа го запази тоа за денот на Мојот погреб;

8. зашто сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш.“

9. Мнозина од Јудејците разбраа дека Исус е таму, па дојдоа не само заради Исус, туку да го видат и Лазар, кого Тој го воскресна од мртвите.

10. А првосвештениците се договорија да го убијат и Лазар,

11. зашто мнозина од Јудејците доаѓаа поради него и веруваа во Исуса.

12. На другиот ден, мноштво народ, кој беше дошол на празникот, кога чуја дека Исус доаѓа во Ерусалим,

Прочитајте целосна глава Јован 12