Нов Завет

Јован 10:2-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. а кој влегува низ вратата, пастир е на овците;

3. нему вратарот му отвора и овците го слушаат гласот негов, тој ги вика своите овци по име и ги изведува.

4. И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, овците одат по него, бидејќи го познаваат гласот негов;

5. а по туѓ човек не одат, туку ќе побегнат од него, зашто гласот на туѓиот не го познаваат.“

6. Оваа парабола им ја кажа Исус, но тие не разбраа што беше тоа што им говореше.

7. Тогаш Исус пак им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата на овците.

8. Сите, колку што дојдоа пред Мене, крадци се и разбојници; но овците не ги послушаа.

9. Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде.

10. Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие.

11. Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си го полага животот свој за овците;

12. а наемникот, кој не е пастир и не е сопственик на овците, ако види дека доаѓа волк, ги остава овците и бега; и волкот ги разграбува и ги распрснува овците.

13. Наемникот бега, зашто е наемник, и не се грижи за овците.

14. Јас сум добриот Пастир; и ги знам Моите, и Моите Ме знаат Мене.

15. Како Мене што Ме познава Отецот, така и Јас Го познавам Отецот; и животот Свој го полагам за овците Свои.

Прочитајте целосна глава Јован 10