Нов Завет

Јован 10:16-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат гласот Мој и ќе биде едно стадо и еден пастир.

17. Затоа Ме љуби Отецот, зашто Јас животот Свој си го полагам за да го примам пак.

18. Никој не Ми го одзема, туку Јас Сам од Себе го давам. Имам власт да го дадам и власт имам пак да си го земам. Оваа заповед ја примив од Својот Отец.“

19. И пак настана расправија меѓу Јудејците заради овие зборови.

20. Мнозина од нив велеа: „Демон има и не е при Себе. Зошто Го слушате?“

21. Други велеа: „Ова не се зборови на бесомачен; може ли демон на слеп да му отвори очи?“

22. А беше тогаш во Ерусалим празникот Обновување на храмот и беше зима.

23. Одеше Исус во храмот, по тремот Соломонов.

24. А Јудејците Го опколија и Му рекоа: „До кога ќе ги мачиш нашите души? Ако си Ти Христос, кажи ни отворено!“

25. Исус им одговори: „Ви реков, и не верувате. Делата што ги вршам Јас во името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене.

26. Но вие не верувате, бидејќи не сте од Моите овци, како што ви реков.

27. Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене,

Прочитајте целосна глава Јован 10