Нов Завет

Јован 1:34-42 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

34. И јас видов и посведочив дека Тој е Син Божји.“

35. А на другиот ден, пак, стоеше Јован и двајца од неговите ученици.

36. И штом Го виде Исуса како оди, рече: „Еве Го Јагнето Божјо!“

37. Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика отидоа по Исуса.

38. А Исус, кога се сврте и виде дека одат по Него, им рече: „Што барате?“ Тие Му одговорија: „Рави што значи – Учителе, каде живееш?“

39. Им рече: „Дојдете и видете!“ Тие отидоа и видоа каде живее и останаа тој ден кај Него. Беше околу десеттиот час.

40. А еден од двајцата, што беа чуле за Исус и беа тргнале по Него, беше Андреј братот на Симон Петар.

41. Тој прво го најде брата си Симона и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи: Христос.“

42. И го одведе кај Исуса. А Исус го погледна и му рече: „Ти си Симон, синот на Јона; ти ќе се наречеш Кифа, што значи: Петар.“

Прочитајте целосна глава Јован 1