Нов Завет

Јаков 1:11-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на неј­зи­ниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат.

12. Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде про­верен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат.

13. Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува,

14. но секого го искушува неговата по­хота која го влече и мами.

15. Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт.

16. Не мамете се, браќа мои возљубени.

17. Секој добар дар и секој совршен по­дарок иде озгора, симнувајќи се од Отецот на светлината, во Кого нема про­мени ни сенка од измена.

18. Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да би­деме првина меѓу Неговите созданија.

19. И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување, и бавен за гнев,

20. бидејќи човечкиот гнев не ја из­вр­шува Божјата правда.

Прочитајте целосна глава Јаков 1