Нов Завет

Галатјаните 5:22-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

22. А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност,

23. кротост, воздржливост. Против такви нема закон.

24. Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите.

25. Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме.

26. Да не бараме лажна слава, еден друг да не се предизвикуваме, еден на друг да не си завидуваме.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 5