Нов Завет

Галатјаните 5:18-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.

19. Делата на телото се познати. Тие се: блудство, нечистота, бесрамност,

20. служење на идоли, маѓии, неприја­тел­ство, кавги, ревнување, гнев, раздори, расцепи,

21. зависти, пијанство, пирови и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат цар­ството Божјо.

22. А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност,

Прочитајте целосна глава Галатјаните 5