Нов Завет

Галатјаните 5:11-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. А јас, браќа, ако обрезанието уште го проповедам, тогаш за што ќе ме го­нат? Тогаш би исчезнала соблазната од крстот.

12. О, да беа отсечени оние што ве бунеа!

13. Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.

14. Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближ­ни­от како самиот себе.

15. А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг.

16. Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти.

17. Зашто, телото сака противни ра­бо­ти на духот, а духот – противни на телото; тие се спротивни еден на друг, за да не го правите она што сакате.

18. Ако ве води Духот, вие не сте под Законот.

19. Делата на телото се познати. Тие се: блудство, нечистота, бесрамност,

20. служење на идоли, маѓии, неприја­тел­ство, кавги, ревнување, гнев, раздори, расцепи,

21. зависти, пијанство, пирови и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат цар­ството Божјо.

22. А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност,

23. кротост, воздржливост. Против такви нема закон.

24. Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите.

25. Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме.

26. Да не бараме лажна слава, еден друг да не се предизвикуваме, еден на друг да не си завидуваме.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 5