Нов Завет

Галатјаните 4:27-31 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

27. Зашто е напишано: „Развесели се неплодна, ти што не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си искусила поро­дилни маки; бидејќи напуштената има многу повеќе деца од онаа која има маж.“

28. Вие, пак, браќа, сте како Исак, чеда на ветувањето.

29. Но, како што тогаш, оној што се роди по тело, го гонеше родениот по дух, така е и сега.

30. А што зборува Писмото? „Истерај ја робинката и синот нејзин, зашто си­нот на робинката нема да биде наследник заедно со синот на слободната!“

31. И така, браќа ние не сме деца на ро­бинката, туку на слободната.

Прочитајте целосна глава Галатјаните 4