Нов Завет

Филипјаните 4:12-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на сѐ и сешто, и сит да бидам, и глад да трпам, и во изобилие да сум и во не­маштија.

13. Сѐ можам преку Исус Христос, Кој ме крепи.

14. Но, добро направивте што зедовте учество во мојата скрб.

15. А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на Еван­ге­лието, кога отпатував од Македонија, немаше ниту една срква нешто да ми даде или нешто да примам освен од вас;

16. зашто и во Солун, еднаш, и по вторпат ми пративте нужни работи.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 4