Нов Завет

Филипјаните 2:17-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

17. Но, иако се излевам како жртва ле­аница и за служба на вашата вера, се ра­дувам сам и се радувам со сите вас.

18. Така исто радувајте се и вие и за­радувајте ме!

19. А се надевам во Господа Исуса дека наскоро кај вас ќе го пратам Тимотеј, та и јас, откако ќе разберам како сте, да се утешам со духот.

20. Всушност, немам ниту еден исто­мисленик, кој толку искрено би се гри­жел за вас.

21. Зашто сите си го бараат своето, а не она на Исус Христос;

22. а неговата опитност е позната; тој, како син на татко, слугуваше заедно со мене при благовестувањето.

23. Него, пак, се надевам дека ќе го ис­пратам веднаш, штом ќе дознаам што ќе стане со мене;

24. а се надевам во Господа дека и сам скоро ќе дојдам кај вас.

25. Сметам дека е потребно кај вас да го испратам братот Епафродит, мој сотрудник и соборец во војувањето, а ваш пратеник и помагач во потребите мои,

26. бидејќи тој копнееше да ве види си­те вас и многу жалеше што сте чуле де­ка бил болен.

27. Зашто тој боледуваше дури до умирање; но Бог го помилува, и не само не­го, туку и мене, за да не ми се натовари една жалост врз друга.

28. Поради тоа го испратив поскоро, та, штом ќе го видите пак, да се израдувате, а јас да бидам помалку нажален.

29. Примете го, пак, во Господа со се­каква радост, и такви почитувајте,

30. бидејќи за Христовото дело тој бе­ше скоро на умирање, не жалејќи го својот живот за да го дополни недостигот на вашата служба кон мене.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 2