Нов Завет

Филипјаните 2:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И така, ако во Христос има нека­ква утеха, ако има некаков поттик од љубовта, ако има некакво заедништво со Духот, ако има некое милосрдие и сострадание,

2. исполнете ја мојата радост: бидете со една мисла, бидејќи имате една и иста љубов, и бидете еднодушни и ед­но­мислени;

3. не правете ништо од честољубие или за празна слава, но од понизност сметај­те се еден друг за погорен од себеси!

4. Не грижете се секој само за себе, ту­ку и за другите!

Прочитајте целосна глава Филипјаните 2