Нов Завет

Филипјаните 1:12-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Сакам, браќа, да знаете дека тие работи, што ми се случија, придонесоа за поголем успех на Евангелието,

13. така што во целата преторија и ме­ѓу сите други стана познато дека сум во окови за Христа;

14. и дека повеќето од браќата во Гос­под, поттикнати од моите окови, се ос­мелија, без страв да го проповедаат сло­вото Божјо.

15. Некои, навистина, од завист и жел­би за кавга, а други од добра волја Го проповедаа Христос:

16. едни Го проповедаат Христа од желба да се препираат, неискрено, мислејќи дека ја наголемуваат тежината на моите окови.

Прочитајте целосна глава Филипјаните 1