Нов Завет

Филимон 1:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Павле, затвореник на Исус Хрис­тос, и братот Тимотеј, до возљубениот Филимон, нашиот сотрудник,

2. и до Апфија, возљубената сестра, и до Архип, нашиот соборец, и до твојата домашна црква.

3. Благодат вам и мир од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!

4. Секогаш Му благодарам на мојот Бог, кога те спомнувам во молитвите свои,

5. бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш во Господ Исус и кон сите светии,

6. и молам нашата заедничка вера да се покаже во тебе на дело во познание­то на секое добро, кое го имаме за Исус Христос.

7. Зашто ние многу се радуваме и утешуваме поради твојата љубов, брате, бидејќи преку тебе се успокоија срцата на светиите.

Прочитајте целосна глава Филимон 1