поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13

Нов Завет

Евреите 8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Исус е нашиот Првосвештеник

1. А најважното од ова што го збору­ва­ме, е дека имаме таков Прво­свештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата,

2. и е служител на светилиштето и на вистинската скинија, што ја постави Господ, а не човек.

3. Секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа беше потребно и Тој да има што да принесе.

4. Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто има свеш­теници што принесуваат дарови по Законот

5. и им служат на образот и на сенката на небесните работи, како што му беше речено на Мојсеј, кога ја подигаше ски­нијата: „Гледај, рече, да направиш сѐ според образецот, што ти беше пока­жан на планината.“

6. А сега Тој доби толку подобра служба, и стана посредник на подобар завет, кој е утврден врз подобри ветувања.

Промена на Заветот

7. Зашто, ако првиот завет беше без недостаток, тогаш немаше да се бара втор.

8. Но, укорувајќи ги, вели: „Ете идат денови, вели Господ, и со домот Изра­илев и со домот Јудин ќе склучам нов завет,

9. но не таков завет каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата египетска, – зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ.

10. Но овој е заветот што ќе му го дадам на домот Израилев во оние дни, вели Господ: ќе ги врежам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.

11. И ниеден нема да го учи својот ближен, и ниеден братот свој: ‚Познај Го Господа‘, зашто сите, од мал до го­лем меѓу нив, ќе Ме знаат,

12. бидејќи ќе бидам милостив кон нивните неправди, а за гревовите и без­за­конијата нивни нема веќе да си спомнувам.“

13. А кога вели „нов завет“, првиот го направи застарен; а она што е старо и застарено, близу е до исчезнување.