Нов Завет

Евреите 7:16-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Кој станал таков не по силата на те­лесна заповед, туку по силата на веч­ниот живот.

17. Зашто се посведочи: „Ти си вечен свештеник по чинот на Мелхиседек.“

18. А, пак, одменувањето на поранеш­ната заповед се изврши поради тоа што таа беше слаба и бесполезна,

19. зашто Законот ништо не доведува до совршенство; а се воведе подобра на­деж, преку која се приближуваме до Бога.

20. Тоа беше потврдено со заклетва.

21. Зашто оние беа станале свештеници без заклетва, а Тој – со заклетва, преку Оној Кој Му рече: „Се заколна Господ и нема да се раскае: ,Ти си вечен свештеник по чинот Мелхиседеков.‘“

22. Затоа Исус стана залог на толку подобар завет.

23. А тие беа многу свештеници, зашто смртта не им даваше да остане само еден;

24. а Тој, бидејќи живее вечно, има свештенство што нема да мине на друг.

25. Затоа Тој и може за вечно да ги спаси оние што преку Него доаѓаат кон Бога, бидејќи е секогаш жив за да се моли за нив.

26. Таков Првосвештеник и ни тре­ба­ше: свет, непорочен, неосквернет, од­во­ен од грешниците и возвишен над небесата.

27. Кој нема потреба, како и другите првосвештеници, секојдневно да принесува жртва прво за гревовите свои, а потоа и за оние на народот, бидејќи Тој го изврши тоа еднаш засекогаш, откако Сам Себе се принесе како жртва.

28. Зашто Законот за првосвештеници поставува луѓе што се немоќни; а сло­вото на клетвата што е по Законот – Синот, Кој е вечно совршен.

Прочитајте целосна глава Евреите 7