Нов Завет

Евреите 7:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Тој Мелхиседек беше цар салим­ски, свештеник на Севишниот Бог, кој го пресретна Авраам, кога се враќаше од борбата со царевите, и го благослови,

2. кому и Авраам му даде десеток од сѐ, и кој по значењето на името негово е прво цар на правдата, а потоа и цар на Салим, односно цар на мирот.

3. Без татко, без мајка, без род, немаше ниту почеток на дните, ниту крај на жи­вотот и, по таков начин, е подобен на Синот Божји, и останува вечен свеш­теник.

Прочитајте целосна глава Евреите 7