Нов Завет

Евреите 7:1-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Тој Мелхиседек беше цар салим­ски, свештеник на Севишниот Бог, кој го пресретна Авраам, кога се враќаше од борбата со царевите, и го благослови,

2. кому и Авраам му даде десеток од сѐ, и кој по значењето на името негово е прво цар на правдата, а потоа и цар на Салим, односно цар на мирот.

3. Без татко, без мајка, без род, немаше ниту почеток на дните, ниту крај на жи­вотот и, по таков начин, е подобен на Синот Божји, и останува вечен свеш­теник.

4. Гледате ли колку е голем оној кому прататкото Авраам му даде десеток од најдобриот плен!

5. Оние од Левиевите синови, што примаат свештенство, имаат заповед да земаат по Законот десеток од народот, односно од браќата свои, иако и тие произлегле од бедрата Авраамови.

6. Но тој, кој не му припаѓаше на на­шиот род, зеде десеток од Авраам и го благослови оној што беше примил ветувања.

7. Не може да има никаков спор дека помалиот се благословува од поголе­ми­от.

8. Така, овде смртни луѓе земаат десетоци, а таму – Оној, за Кого има све­доштво дека е жив.

9. И, така да речам, Левиј, кој прима десетоци, и сам даде десеток преку Авраам,

10. бидејќи уште беше во бедрата на татко си кога го сретна Мелхиседек.

Прочитајте целосна глава Евреите 7