Нов Завет

Евреите 5:8-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

8. Иако беше Син, Тој се научи на послушност од она што го пострада,

9. а, откако се усоврши, стана извор за вечно спасение на сите оние кои Му се послушни,

10. и од Бога беше наречен Прво­свеш­те­ник по чинот Мелхиседеков.

11. За ова би имале многу да ви зборуваме, што е и тешко да се толкува, би­дејќи тешко сфаќате.

12. Зашто, иако според годините вие требаше веќе да бидете учители, вие сѐ уште имате потреба некој да ве учи кои се првите начела на словото Божјо, и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна.

13. Секој што се храни со млеко, е не­вешт во словото на правдата, бидејќи е дете;

14. а тврдата храна е за зрелите, кои благодарејќи на поуката, имаат чувства и се научени да разликуваат добро од зло.

Прочитајте целосна глава Евреите 5